Зошто сè уште нема бесплатна WiFi мрежа во авион и зошто сè уште нема да стане реалност?

Оние кои често патуваат со авион веќе се прашуваат зошто не можат бесплатно да се поврзат на WiFi мрежата.

Причината зошто тоа нема да биде возможно уште некое време, ја објаснува Ед Бастијан, претседател на „Делта ер лијнс“ кој лично сакаше да воведе бесплатна WiFi мрежа за патниците, но тоа не беше можно.

Како што вели, доколку системот го сторил тоа во целот авион, тој би паднал.

Ед (62-годишниот) вели за „Блумберг“ дека всушност наплатувањето на Интернетот ги спречува многу патници да го користат.

Во моментов нема техничка опција повеќе луѓе истовремено да користат Интернет во лет, а „Делта“ неколкупати се обиде да воведе бесплатно WiFi, меѓутоа, таа редовно „пукаше“ заради големиот број на луѓе кои сакаа да имаат пристапат до мрежата.

Тој се пошегува дека сè уште не разбира зошто WiFi мрежата има таков проблем кога авионот е 10.000 метри во висина поблизу до сателитските мрежи.

Се чини дека ќе потрае уште неколку години сè додека WiFi-то не стане дневна рутина на авионите ширум светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот