Зошто се случува лажно позитивен тест на ковид-19 кај (не)вакцинираните

ФОТО: EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Лажно позитивен резултат може да се појави иако не сте заразени со вирусот, според порталот „Харвард хелт“.

Колку често се случува?

Колку точен ќе биде резултатот од тестот зависи од голем број фактори. Понекогаш станува збор за тоа кога сте се тестирале, но важен е и факторот за тоа колку вируси имате во себе во моментот на тестирањето. На глобално ниво, луѓето кои се вакцинирани и кои немаат симптоми, често можат да имаат лажно позитивен резултат на тестот, според Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), а исто така препорачува дека лицето не треба да се тестира ако нема симптоми или е вакцинирано поради можен лажен резултат. Според експертите, во области каде што има малку заразени и каде што повеќето луѓе се вакцинирани, најголеми се шансите за лажно позитивен резултат, бидејќи тестот е, сепак, најточен кога некое лице покажува симптоми, а тоа е периодот од 10 дена по појавата на симптомите.

Дали одредени тестови почесто ќе покажуваат лажни резултати?

Брзиот антигенски тест, оној што често се користи дома, дава точни резултати кај луѓето кои имаат симптоми и тоа во 99,6 отсто од случаите, а повеќето од нив даваат резултати за околу 20 минути.

Ваквите тестови се корисни ако ви требаат резултати веднаш, но тие, сепак, се сметаат за помалку сигурни од ПЦР-тестот.

Постои и шанса да добиете лажен резултат поради фактот дека брзите тестови, сепак, не се 100 отсто точни, велат стручњаците за јавно здравство.

ПЦР- тестот во една студија покажал дека дава добри резултати во 97,2 отсто од случаите, но кога се во прашање лажните резултати, тука процентот е нула. Најточни податоци даваат околу осум дена по појавата на првите симптоми.

ПЦР-тестот се смета за златен стандард во откривањето на болеста и во повеќето случаи е поточен од брзиот тест.

Како да обезбедите точни резултати на тестот?

Сите знаеме дека е мошне непријатно чувството да се тестирате на ковид-19, но исто толку е важно тоа да се направи ако има потреба. Покрај тоа, најпаметно е да направите и неколку тестови, а не само еден, ако сметате дека е потребно.

Брзите тестови се добра потврда, но за жал, не се секогаш точни. Некои доаѓаат во пакувања од по две парчиња, а вие ги користите и двете за да бидете сигурни во резултатите. Важно е да направите ПЦР-тест по брзиот тест, бидејќи тој е, сепак, многу посигурен, велат стручњаците и заклучуваат дека е важно да се тестираме, но дека уште поважно е да се вакцинираме за да се заштитиме себеси, но и другите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот