Зошто некои луѓе се негативни на коронавирус и покрај симптомите?

Фото: Профимедиа

Пандемијата сѐ уште не е завршена и понатаму секојдневно бележиме голем број новозаразени. Поради тоа, секој од нас во својата околина има некој кој во моментот е во изолација или неодамна прележал ковид-19.

Меѓутоа, забележани се и многу случаи на луѓе со симптоми по близок контакт со заразена личност, но тестот на коронавирус да е негативен. Таквата ситуација воопшто не ги радува експертите, бидејќи е потенцијално опасна – ако лицето е заразено, а тестот е лажно негативен, постои можност да ја рашири заразата.

Тешко е веднаш да се одреди дали тоа лице навистина избегнало зараза или тестот е лажно негативен.

Постојат неколку причини зошто тоа може да се случи:

Лажно негативни тестови се можни

Негативните резултати од тестовите кај лица со симптоми во најголем број се покажале како лажно негативни. Дури и ПЦР -тестот може да биде лажно негативен, а најчеста причина е неправилното земање примерок. ПЦР-тестот има чувствителност околу 60 отсто и затоа за целосната точност на примероците треба да се земе според протокол.

Количината на вирусот во телото е помала

Малата количина на вирус во телото по заразата исто така може да биде една од причините за негативен тест. Тоа не значи дека лицето не може да има симптоми, но според сите досегашни истражувања, луѓето кои имаат мали количини вирус во себе, веројатно послабо и поретко го пренесуваат.

Зошто е тоа загрижувачки

Како што постојано истакнуваат експертите, лажно-негативниот тест може да доведе до ширење на инфекцијата бидејќи лицето не е свесно дека е носител на коронавирусот. Ако притоа не се лекува адекватно, тоа го зголемува ризикот од развивање тешки симптоми и хоспитализација, а и повторно пренесување на вирусот.

Што да направите ако се сомневате?

Ако сте биле во контакт со лице позитивно на коронавирус или сте развиле симптоми преку несвесен контакт, изолирајте се. Ако ПЦР-тестот се покаже негативен, разговарајте со матичниот лекар и направете проверка и во друга лабораторија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот