Зоки Фаци сподели шокантна информација за своето здравје: Пред 10 дена ми извадија канцер!

зоки фаци
Фото: Принтскрин / Instagram

Нашиот познат менаџер, шоубиз ѕвезда и поранешен водител Зоран Василевски, попознат на јавноста како Зоки Фаци, неодамна со фановите сподели потресна информација поврзана со неговото здравје.

На објава на неколку стории на неговиот инстаграм-профил, Зоки отворено раскажа за неодамнешната операција на неговата нога, а на видеата ги покажа и фластерите и заздравените лузни.

зоки фаци
Фото: Принтскрин / Instagram

Се работи за канцер на нога, како што објасни тој, а ова е прва информација за болеста којашто ѕвездата ја сподели со јавноста, иако операцијата се случила пред десет дена.

– Mногу битки добив во животот, и многу искушенија, така што ова е уште една моја битка, се надевам дека ќе излезе добро, раскажа тој.

зоки фаци
Фото: Принтскрин / Instagram
зоки фаци
Фото: Принтскрин / Instagram

Неверојатно е забележливо позитивното расположение на Зоки на овие објави, кој иако говори за тешка лична тема, очигледно има позитивна енергија која сака да ја сподели со следбениците.

– Вербата во Бога и во себеси е многу битна. Така што, само позитивна енергија и сѐ ќе биде во ред, додаде тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zoran Vasilevski FACI (@zokifaci)

Зоки се чини дека заздравува добро и отворено раскажува дека уште од моментот кога дознал не бил обесхрабрен, туку само седнал на клупа, зел здив, се јавил на неговата блиска пријателка Лила, ја известил за сознанието, и набргу потоа ја започнал борбата со суровата болест.

– Оваа лузна ќе ја носам цел живот и се надевам дека ќе извлечете некоја поука од ова, затоа што не треба да го гледате животот само низ призма на пари, на слава и на бла-бла-бла – здравјето е најбитно од сѐ. Чувајте се!, порача Зоки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zoran Vasilevski FACI (@zokifaci)

Приказната на Зоран е позитивна и охрабрувачка, и тој ја споделува токму заради неговата желба да пренесе позитива и охрабрување на оние кои го следат. За одржување на позитивната енергија, покрај своите пријатели, тој си посвети и песна која го мотивира во процесот на заздравување: „Beautiful Scars“ од Мадона, потсетувајќи нѐ дека сите наши лузни и белези се дел од нас и треба гордо да ги носиме.

„Позитивна енергија, позитивна енергија, и само позитивна енерија. Така ќе го победам ова чудо!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zoran Vasilevski FACI (@zokifaci)

И за крај, Зоки со своите фанови сподели анегдота која се случила токму на денот на операцијата, разведрувајќи ја темата.

Имено, тој се насмеа на фактот колку буквално го разбрал докторот и како непромислено ги следел неговите инструкции. Се облекол во пижами и папучи, како што му било порачано, но наместо во болница тоа го направил дома и така подготвен повикал такси и се упатил на операција.

Брзо заздравување Зоки!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот