фото: ЗНМ

ЗНМ бара итна истрага за серијата онлајн напади кон „Слободен печат“

Здружението на новинарите на Македонија очекува МВР и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика да постапат итно, да ги истражат овие напади, да го утврдат нивното потекло и да преземат соодветни мерки за санкционирање на одговорните.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на повторените координирани ботски напади врз официјалните Инстаграм профили на  „Слободен печат“, од кои последните два се случија во изминатите 48 часа, вклучително и нападот од утринава.

Според достапните информации, во рок од неколку минути илјадници сомнителни профили, најчесто од странство, масовно реагирале со лајкови на објави на инстаграм профилите на „Слободен печат“, што, велат од ЗНМ, укажува на организирана и малициозна активност со цел нарушување на дигиталниот интегритет на медиумот.

„Овие инциденти не се изолирани, туку се дел од серија повторени напади во изминатите пет месеци, што укажува на јасен и загрижувачки образец на систематско дигитално вознемирување и притисок врз медиум. Таквите напади претставуваат сериозна закана за слободата на медиумите, нивната независност и правото на јавноста да биде информирана. Особено загрижува фактот што платформата „Мета“, во чиј состав е Инстаграм, не обезбедува ефикасни механизми за заштита на јавните медиумски профили од ваков тип на напади. Препораките за „заклучување“ на профилите се неприфатливи за медиумите, бидејќи тоа директно го ограничува нивниот досег, транспарентност и улога во јавниот интерес“, се наведува во соопштението.

ЗНМ очекува Министерството за внатрешни работи и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика да постапат итно, да ги истражат овие напади, да го утврдат нивното потекло и да преземат соодветни мерки за санкционирање на одговорните.

„Воедно, ги повикуваме надлежните институции да развијат системски механизми за заштита на медиумите од дигитални напади, како и да ја зајакнат соработката со меѓународните технолошки компании со цел спречување на ваквите злоупотреби“, бара ЗНМ.

 

„Слободен печат“ повторно мета на малициозни ботски напади на Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот