Знае ли Владата за што ДАВА ПАРИ: Финансира здружение на антивакцери формирано пред два месеци

Влада зграда
Фото: Архива на „Слободен печат“

Здружението „Од нас за нас“ организира научна конференција на која ќе докажува дека вакцините се опасни по здравјето и за тоа како што се пофалија, добиле 30.000 денари од Владата. Како што потврди претседателката на здружението, Гордана Гоџо, исплата на сумата околу 500 евра легнала на сметката на здружението.

Здружението е формирано пред два месеци и важи за критичар на власта по однос на вакцинацијата на децата. Ова, според Гоџо, е единствена соработка со Владата, која ќе биде покровител на научната конференција овој петок и сабота на тема „Вакцините во 21. век – предизвици со кои се соочуваме“, а се однесува на забраната за упис во градинка и училишта на невакцинираните деца.

– Здружението го формиравме во јули, побаравме средба со премиерот Зоран Заев и со министерот за здравство Венко Филипче, која што се случи. На средбата, ние не издејствувавме за финансирање, тие самите се понудија да учествуваат финансиски во научната конференција со 30.000 денари, нѝ рекоа дека ќе бидат исплатени и тоа се случи пред два-три дена. Конференцијата чини 3.000 евра – рече Гоџо.

„Слободен печат“ испрати прашања до Владата за тоа каков вид на поддршка им даваат на здружението „Од нас за нас“ и дали знаат со што се занимава оваа организација. Од Владата рекоа дека одговор ќе пратат, кога ќе го добиеме ќе го објавиме.

Сепак, ниту Заев, ниту Филипче немало да присуствуваат на дебатата.

Филипче на денешниот протест на лекарите рече дека ќе испратат претставници на конференцијата со цел да ги разубедат противниците на вакцинацијата.

Според програмата во петок правни експерти од Македонија и Србија ќе образложат дали актуелните епидемиолошки мерки против морбили се во согласност со Уставот, законите и ратификуваните меѓународни конвенции и дали се врши дискриминација кон невакцинираните, но здрави деца.

Во сабота научници и лекари од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Слоенија ќе говорат за медицинските аспекти на вакцинацијата, нивната ефикасност, безбедност, имунолошки одговор, проблематичните страни, етичките аскпекти, можноста вакцините да имаат улога во настанувањето на аутизот.

Градинка плаќаат, а децата не им ги примаат

Милена Николиќ Симовска секој месец плаќа партиципација за детето да го носи во градинка. Таа објаснува дека во градинската „Весели Цветови“ во Кисела Вода не и го примаат детето, бидејќи не е вакцинирано. Според нив, најмногу случаи на вратени деца од училиште има во Битола. Од здружението негодуваат дека во скопски училишта имало случаи и првачињата да бидат пуштени само на првиот училишен ден, но веднаш наредниот училиштата ги враќале децата, со истото образложение, дека не се вакинирани. Реагираат дека им барале медицинска документација за да се потврди примената вакцина за МРП, а подоцна им посочиле дека тоа е повреда на заштата на личните податоци, објаснуваат од здружението.

– Во улилиште на родител усно му е кажано дека не смее да го носи детето сè додека не го вакцинирра. Училиштето не е здравствена установа. Има деца што ги примале вакцините, па имале компликации, алармираа „Од нас за нас“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот