Значајно наоѓалиште на злато е откриено во земја од регионот
Рударската компанија „Ердемир“ објави дека открила богато наоѓалиште кое содржи околу 424.000 унци (околу 12 тони) злато во турската покраина Сивас. Според актуелните цени, вредноста на наоѓалиштето се проценува на 1,7 милијарди долари, пишуваат медиумите.
Препорачано
Како што е наведено, станува збор за локација која моментално е класифицирана како „можен извор“ според стандардите UMREK и JORC, а истражните активности на терен продолжуваат..
Досега, околу 45 хектари од вкупно 5.804 хектари од областа каде што е дозволено истражување се испитани како дел од археолошката и геолошката работа.
Извршени се 360 дупчења во вкупна должина од речиси 97.000 метри, а резултатите се анализирани во меѓународно овластена лабораторија во Анкара.
Просечната содржина на злато се проценува на 0,89 грама на тон руда. Во следната фаза ќе се изврши дополнително дупчење за да се провери густината и точната распределба на рудата, што ќе овозможи премин од статусот „можен извор“ кон „докажани резерви“.
Наоѓалиштето се третира како еден од потенцијално важните домашни извори на злато, бидејќи Турција се стреми да ја намали својата зависност од увоз на скапоцени метали и стратешки суровини.
Бруто пазарната вредност по денешните спотни цени на златото е речиси 1,7 милијарди долари, но ова е теоретска бруто проценка без трошоци.


