Значаен триумф на Тренто во Еврокупот, солиден учинок на Јакимовски
Денеска во 15 коло од Еврокупот кошаркарите на Тренто на гостински терен минимално со 94:93 беа подобри од литванскиот претставник Лиеткабелис.
Препорачано
Ова е значајна победа за италијанскиот претставник во трката за една од позициите кои водат во плејофот на натпреварувањето.
Моментно Тренто е на четвртата позиција (9-6), а во следното коло на 27 јануари ќе го пречека, водечкиот во генералниот пласман, турскиот Бешикташ (11-4).
На денешниот дуел најефикасни во редовите на Тренто беа Американците ДеВанте Џонс со 24 поени (10 скока) и ДЏ Стјуард со 22 поени.
Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски придонесе во победата со седум поени, три скока и две асистенции за 25:02 минути игра на паркетот во Паневезис.
На спротивната страна прв стрелец беше Американецот Џамел Морис со 24 поени, следен од Естонецот Кристиан Куламае со 17 поени и четири асистенции.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
7час
-
8час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


