Златото што го има Америка никогаш не вредело повеќе
Растот на цената на златото на глобалните пазари ја одведе вредноста на официјалните златни резерви на Соединетите Американски Држави за првпат во историјата над еден билион долари. Овој пораст е поттикнат од „бегството кон сигурност“ на инвеститорите, кои се исплашени од геополитичките тензии и стравот од економска нестабилност, а златото е класично „засолниште“ за парите во време на кризи, пишува „Блумберг“.
Препорачано
Соединетите Американски Држави го поседуваат убедливо најголемото количество на златни резерви во светот – над 8.133 метрички тони. Најголемиот дел од ова богатство, кое е симбол на американската економска моќ, се чува во легендарната, високо обезбедена тврдина Форт Нокс во Кентаки. Со скокот на цената на златото на над 3.824 долари за унца (28,34 грама), вкупната вредност на американските резерви ја надмина цифрата од илјада милијарди долари.
Според аналитичарите на „Блумберг“, растот на цената на златото од 45% од почетокот на годината е резултат на „совршена бура“ од негативни фактори. Инвеститорите, плашејќи се од трговските војни, геополитичките тензии и можноста од нов финансиски застој во американската влада, масовно ги повлекуваат своите пари од поризичните средства, како акциите, и ги вложуваат во златото.


