Злато за Ананиев, борачите на „Балканец“ со пет медали од Перник

facebook.com/BKBalkanecStip

На овој турнир, освен борачите од БК Балканец, имаше и борачи од Ерменија и сите клубови во грчко-римски стил од Бугарија.

Борачите на БК Балканец ги постигнаа следниве резултати:

35кг. Марио Ананиев прво место
25кг. Леон Манов второ место
25кг. Андреј Мишев трето место
32кг. Стефан Стојков трето место
35кг. Јован Атанасов трето место

За пофалби се и останатите борачи Бојан Спасевски, Ненад Панов и Стојанче Стојков кои покрај две победи, забележаа и два тесни порази со што за малку не успееја да се закитат со медали. За квалитетот и масовноста на турнирот доказ се борбите на Марио Ананиев кој за да освои златен медал извојува пет победи.

БК „Балканец“ и останатите клубови во Македонија практикуваат слободен стил, но на овој турнир докажаа дека можат да освојат и медали од грчко-римски стил (каде зафати за нозете и со помош на нозете не се дозволени).

– Пофалби добивме од сите страни, пред се од големо значење ни се честитките од Армен Назарјан (2 пати олимписки, трипати светски и шестпати европски шампион, моментално селектор на Бугарија во грчко-римски стил) кој посака соработка и заеднички тренинзи на нашите борачи со неговите борачи во Софија. Ова ни дава мотив повеќе за во иднина во нашиот клуб практикуваме и учествуваме на натпревари во грчко-римски стил. На овие натпревари правдата ја делеше и меѓународниот судија од нашиот град Марјан Лазаров. Борачите кои настапија во Бугарија и друѓи борачи од нашиот клуб ќе настапат на Меморијалниот турнир во Велес – информираат од БК „Балканец“ Штип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот