„Златниот орел“ за Кобајаши, победник на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“

Јапонскиот ски скокач Рјоји по вторпат ја освои Новогодишната турнеја „Четири скокалници“/Бишофсхофен, Австрја/6 јануари 2022/Фото: EPA-EFE/Grzegorz Momot POLAND OUT

Со ски скоковите во австрискиот Бишофсхофен денеска заврши јубилејната, 70 новогодишна турнеја „Четири скокалници“, каде што севкупниот триумф на турнејата го потврди Јапонецот Рјоји Кобајаши, иако на последната скокалница го освои само петтото место.

На четвртата скокалница од новогодишната турнеја најдобар беше Австриецот Даниел Хубер, а Кобајаши ја пропушти можноста да стане првиот скокач во историјата кој двапати ја освоил турнејата во кариерата со сите четири победи на четири скокалници, т.н. Грен слем“. Јапонецот овојпат ќе мора да се задоволи со победи во првите три скокалници, а овојпат не беше на потребното шампионско ниво.

Кобајаши во двете серии скокна по 133,5 метри и тоа беше доволно да ја освои титулата на ова традиционално натпреварување.

На Хубер за победа му беа потребни вкупно 286,8 поени во Бишофсхофен (скокови од 136,5 и 137 метри), на втората позиција се најде Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд со 4,4 поени заостанување, а на подиумот се најде и Германецот Карл Гајгер со 4,9 поени заостанување во однос на Хубер.

Конечен пласман на 70 издание на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“: Рјоју Кобајаши (Јапонија) 1162,3 поени, Мариус Линдвик, (Норвешка), 1138,1, Халвор Егнер Гранеруд (Норвешка), 1128,2, Карл Гајгер (Германија), 1123,6, Маркус Ајзенбихлер (Германија), 1117,6 поени, итн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот