Златев: Девојките покажаа дека кога се игра со срце, успехот не изостанува

Македонските кошаркарки со четири максимални победи во Тбилиси/Фото: facebook.com/macedonianbasketball

По успешната мисија на македонската женска кадетска кошаркарска репрезентација (У16) на ФИБА „Челенџер“ турнирот кој се одржа во Тбилиси, Агенцијата за млади и спорт организираше прием за дел од тренерскиот и играчкиот тим.

Четири максимални победи за избраничките на селекторот Никола Златев на „балонот“ во главниот град на Грузија беа доволни за освојување на трофејот на македонските кошаркарки.

Триумфираа против Малта (91:53), Албанија (72:46), Ерменија (92:22) и Грузија (104:36).

– Вашето остварување е показател дека имаме квалитет во младинските категории – истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.

Тој додаде дека Агенцијата за млади и спорт ќе направи напори, со добра соработка со националните спортски федерации се овозможи овие млади категории да бидат дел од сениорските тимови и иднината на македонскиот спорт.

Шампионките од Тбилиси на прием во Агенцијата за млади и спорт/Фото: facebook.com/AMSMacedonia

Селекторот Никола Златев потенцираше дека со оглед на фактот колку мала нација сме и колку е тесен изборот, девојките покажаа дека кога се игра со срце, успехот не изостанува.

Тој изрази загриженост за фактот дека ова е возраста во која девојките во спортот најчесто се откажуваат и дека со заеднички напор и соработка со сите клубови, национални спортски федерација и секако Агенцијата за млади и спорт треба да се обидеме да ги задржиме овие спортски таленти и со правилна работа да се обидеме да ги мотивираме во понатамошното спортување и од нив да направиме квалитетни сениорки.

На приемот свое обраќање имаа и Љубица Бошкова и Марија Николов, претставнички на тимот, како и тренерот на селекцијата Ведран Велешковски, кои го искажаа своето задоволство од организацијата и условите пред и за време на гостувањето во Грузија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот