Златан повторно шокира: Убил лав на сафари па го препарирал

epa08140805 Milan's Zlatan Ibrahimovic reacts during the Italian Serie A soccer match between AC Milan and Udinese Calcio at Giuseppe Meazza stadium in Milan, Italy, 19 January 2020. EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Ибрахиковиќ пред три години, во приватна режија беше во Македонија за да лови дивеч.

За време на престојот во Јужна Африка во 2011 година, Златан Ибрахимовиќ, убил лав по што го препарирал, пишува шведскиот весник „Експресен“.
Актуелниот фудбалер на Милан, тогаш кожата, черепот и вилицата од убиениот лав ги однел во Малме и со нив го украсил својот дом.
Лавот пред да го биде застрелан од Ибрахимовиќ бил повеќе од една година во заточеништво. Животното било пуштено од кафезот по што Златан кој поседува дозвола за лов, го застрелал.

Во Јужна Африка е забрането да се ловат животни кога се ставаат во затворена арена од која не можат да избегаат, но дозволен е лов на лавови кои се одгледани во заточеништво. Тоа се животни кое се одгледани само со една намера, да бидат плен на ловците.

За тоа дека Златан Ибрахимовиќ обожува да лови диви животни знаат и Македонците. Имено, пред три години Ибрахимовиќ беше и во Македонија на лов на дивеч, а штипјани не ја пропуштија можноста да се фотографираат со него. Меѓу лицата кои се сликаа со Ибрахимовиќ е и ракометаниот репрезентативец Мартин Поповски.

Златан Ибрахимовиќ во Штип/ фото/фејсбук

Златан не е единствената фудбалска ѕвезда која престојувала во Македонија за да лови дивеч. Пред него, истото го стори и актуелниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Единсон Кавани. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот