Зимски детокс напиток од само 2 состојки: Исчистете го телото од токсини и забрзајте го метаболизмот!

Фото: Профимедиа

Поминаа празниците, па сега е совршен период за детокс на вашето тело…

По сите празници и уживањето во поголеми количини на храна, колачи, солени и слатки задоволства, време е за детокс на организмот. Со помош на овој напиток, ќе ја поттикнете работата на метаболизмот и ќе започнете со исфрлање на токсините кои се таложеле во претходниот период.

Овој напиток се прави од само 2 состојки.

Потребно ви е:

– половина шолја ладен зелен чај
– половина лимон

Подготовка:

Исцедете го лимотот и помешајте го со зелениот чај и напитокот е подготвен.

Еве како напитокот делува на организмот:

Поради високите антиоксидативни вредности, зелениот чај, е состојка од речиси сите детокс напитоци. Поволно делува на црниот дроб, а со истражувањата е докажано дека помага во процесот на исфрлање на токсините.

Лимонот, освен што изобилува со витамин Ц е одличен и за здравјето на целото тело, тој го стимулира ослободувањето на ензимите, но бенефициите не застануваат тука. лимонот содржи и пектин кој помага во намалувањето на шеќерот во крвта.

Ериоцитрин е антиоксиданс кој се наоѓа во лимоновиот сок и лимоновата кора. Ериоцитринот во комбинација со другите активни супстанци покажа ефект при намалувањето на воспаленијата, оксидативниот стрес и оптимизацијата на нивото на шеќер во крвта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот