Зидан: Не сум виновен, Бејл не сакаше да игра!

EPA-EFE/Juan Carlos Hidalgo

Тренерот на „белите” Зинедин Зидан буквално рече дека се надева дека репрезентативецот на Велс наскоро нема да биде дел од неговиот тим.

Ова предизвика силен одговор од агентот на играчот кој го идентификуваше францускиот стратег како „срам”, а не негираше дека се работи на договор за заминување на Бејл во друг клуб.

Зизу сега одлучи да фрли светлина врз ситуацијата со Бејл.

– Прво, не сум зборувал со непочитување кон никого. Тоа е најмалку што можам да направам со играч од мојот тим. Јас секогаш го кажувам истото и јас стојам зад моите зборови: „За мене, играчите се најважниот дел од тимот и јас секогаш зад нив”. Реков дека клубот се обидува да го продаде Бејл, бидејќи тоа е мојата информација, и Герет ми кажа дека не сака да игра, бидејќи знае дека клубот сака да го продаде. Но, засега тој е играч на Реал, и додека тој го носи белиот дрес, ќе тренира нормално. Ќе видиме што ќе се случи со него – рече Зидан.

Во текот на вчерашниот ден објавивме дека Флорентино Перез и Ал-Келаифи преговараат за евентуална „бомбастична“ размена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот