Жоу, Менсалао и Маркоски ја напуштија Шкендија

Шкендија ги започна промените во составот за следната сезона/Фото: instagram.com/fcshkendija

Фудбалскиот клуб Шкендија ја информираше јавноста дека е прекината соработката со играчот за врска Камерунецот Џеси Жоу, Бразилецот Андре Менсалао, како и со напаѓачот Кире Маркоски.

Клубот им се заблагодарува на тројцата фудбалери и за придонесот во „црвено-црниот“ дрес, посакувајќи им многу среќа и успех во кариерата.

Во првенството Маркоски имаше само еден гол од девет настапи, Жоу запиша 23 настапи, а Менсалао имаше 11 настапи и еден погодок.

Изминатата сезона тетовските „црвено-црни“ го освоија третото место во Првата македонска лига.

Играчите на ФК Шкендија моментно се на одмор, а наскоро ќе го дознаат и ривалот во квалификациите на Лигата на конференции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот