Живеела во сиромаштија, трпела насилство, а тогаш создала ИМПЕРИЈА: Опра откри како го потрошила ПРВИОТ МИЛИОН, а нејзиниот одговор НЕМА ДА ВИ СЕ ДОПАДНЕ!

profimedia

Кај неа важи онаа старата изрека „преку трње до ѕвездите“.

Американската водителка и новинарка Опра Винфри откри како го потрошила својот прв милион. Познато е дека живеела во сиромаштија, но и дека трпела физичко и сексуално насилство. По завршеното средно школо, започнала да работи на локална радио станица, а денес успеала да создаде медиумска империја вредна 3 милијарди долари.

Таа одговараше на прашања на младите девојки на УouTube каналот „O, The Oprah Magazine”, а одговорот кој го даде на прашањето како го потрошила првиот милион бил изненадувачки за многумина.

„Купив, прекрасни, меки пешкири“, одговори Опра.

„Тоа се доста пари, а прво што направив – го фотографирав чекот на кој пишуваше милион долари. Постои таква фотографија на која го држам тој чек“, објасни таа.

Изјави дека многу сака големи, квалитетни пешкири во кои може цела да се замота.

Откри и дека купила пешкири од марката Ralph Loren.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот