Жител на Камењане е уапсен откако вчера полицајци открија куче повредено во борба
Полицајци од полициското одделение Камењане, во атарот на ова село, на местото „Бунариште“ вчера уапсиле 38-годишен локалец кој се сомничи за „мачење животни“, односно дека бил вмешан во борби со кучиња.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„На 11.04.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане, во атарот на с. Камењане на местото викано ‘Бунариште’, го лишија од слобода С.Р. (38) од истото село поради сомнение за сторено кривично дело ‘мачење животни’ по член 233 од Кривичниот законик, односно поради инволвираност во борби со кучиња, а во врска со настанот објавен вчераа дека на 10.04.2026 на локалниот пат кон с.Камењане, во патничко возило ‘голф’ било пронајдено повредено куче, а од слобода биле лишени три лица. С.Р. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, информираат од МВР.
Ден претходно, МВР објави дека во близина на тетовското село Камењане, во автомобил кој го запреле полицајци во сообраќајна контрола, пронајдено беше повредено куче, кое според тинејџерите кои биле во колата, го повредиле други кучиња во организирана борба.
Тетовски полицајци нашле куче повредено во борби во багажник на запрен автомобил


