Фото: илустрација / Јутјуб / принтскрин

Тетовски полицајци нашле куче повредено во борби во багажник на запрен автомобил

Вчеравечер во близина на тетовското село Камењане, во автомобил кој го запреле полицајци во сообраќајна контрола, пронајдено е повредено куче, кое според тинејџерите кои биле во колата, го повредиле други кучиња во организирана борба. Уапсени се 19-годишниот возач и двајцата 17-годишни сопатници, соопшти СВР Тетово.

„На 10.04.2026 во 22:00 часот на локалниот пат кон с.Камењане, полициски службеници од Полициското одделение Камењане запреле патничко моторно возило „голф” со тетовски регистарски таблички, управувано од А.Д.(19) од с.Озормиште, кој не поседувал возачка дозвола. При преглед во багажникот на возилото е пронајдено повредено куче од расата „пит бул”, за кое лицата во возилото изјавиле дека е повредено при борба со кучиња во с.Камењане. Заедно со возачот, лишени се и двајца 17- годишни сопатници од с.Желино. Известен е ветеринарен инспектор и се преземаат мерки за соодветно лекување на животното и документирање на случајот, додека тие заедно со возилото се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

Возач на автобус тајно влегувал и правел скици од воени објекти во тетовската касарна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот