Жената од Дебар со Ковид, синоќа била на Клиника за неврологија, по што 11 доктори, болничари и сестри се во изолација

Медицинско лице се грижи за пациент на Инфективната клиника во Скопје / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески
Медицинско лице се грижи за пациент на Инфективната клиника во Скопје / Фото: Слободен Печат / Драган Митрески

Жената што денеска е регистрирана со коронавирус како прв случај во Дебар по 50 дена отсуство на пациенти со Ковид 19 од овој град, синоќа била на Клиниката за неврологија во Скопје, поради што во изолација од оваа клиника денеска отишле тројца доктори, две сестри и четворица болничари, дознава ,,Слободен печат” од свои извори.

Информацијата ни ја потврди и директорот на Клиниката, доктор Иван Барбов.

Вчера во 1 часот на Клиниката за неврологија е донесена пациентка од Дебар со чести епилептични напади. Бидејќи нападите не се смириле а почнала да качува температура, колегите се посомневале на Ковид. Веднаш е земен брис, а прегледана е конзилијарно и од лекари од КАРИЛ. Вечерта пристигна позитивен резултат за Ковид, по што е префрлена на Инфективна клиника. Веднаш е пријавено во Институтот за јавно здравје бидејќи во овој период се смениле 3 смени и 33 вработени. Земена е епидемиолошка анкета и 11 лица со среден ризик се упатени во домашна самоизолација и активен надзор во времетраење од 14 дена, изјави за ,,Слободен печат” доктор Барбов.

Пациентката била примена во 1 часот по полноќ и имала температура. Тоа било индикација, на Клиниката на неврологија во Скопје, да и земат брис за испитување на Ковид 19, кој се покажал позитивен.

Вечерта откако се покажал позитивен брисот, жената била однесена на Инфективната клиника во Скопје. Веднаш било пријавено во Институтот за јавно здравје, направена била епидемиолошка анкета по што медицинските работници од Клиниката за неврологија се испратени во изолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот