Жената која ги обвини Епстин за сексуална трговија и принцот Ендрју за сексуална злоупотреба со шокантна објава: Имам уште четири дена живот
Американката Вирџинија Робертс Џурфи, која го обвини Џефри Епстин за сексуална трговија и принцот Ендрју за сексуална злоупотреба, се огласи на социјалните мрежи и тврди дека има уште четири дена живот откако доживеала страшна сообраќајна несреќа, пренесува „Индепендент“.
Препорачано
Имено, Џуфри објави фотографија од нејзиното помодрено лице додека лежи на болнички кревет, објаснувајќи дека лекарите ѝ рекле дека има „четири дена живот“ поради откажување на бубрезите по сообраќајната несреќа.
„Оваа година беше најлошиот почеток на новата година, никому нема да досадувам со деталите, но мислам дека е важно да се забележи дека кога возачот на училишен автобус ќе ви се приближи возејќи 110 километри на час додека успорувате на кривина, не е важно од што е направен вашиот автомобил, може да биде и лимена канта“, напишала таа во објавата во неделата.
„Западнав во бубрежна инсуфициенција, ми дадоа четири дена живот и ме префрлија во специјализирана болница за урологија“, продолжила таа.
View this post on Instagram
Вирџинија додаде дека е „подготвена да си оди“ – но „не додека не ги видам моите бебиња за последен пат“.
„Ви благодарам на сите што сте најубавите луѓе на светот и што сте прекрасен дел од мојот живот. Бог да ве благослови сите. Вирџинија“, завршила таа.
Како одговор на нејзината објава, таткото на Џуфри, Скај Робертс, коментираше: „Вирџинија, ќерко моја, те сакам и се молам за тебе да добиеш правилен третман за да живееш долг и здрав живот. Ако има нешто на овој свет што можам да направам за да ти помогнам, те молам извести ми. Мојот дух е со тебе сега и те држи за рака“.
За потсетување, во 2021 година, Џуфри во граѓанска тужба го обвини Џефри Епстин дека ја принудил да има секс со синот на кралицата Елизабета во повеќе наврати кога таа имала 17 години, а тој 41. Тој остро ги отфрли овие тврдења.
Џуфри ги обвини Епстин и Гислејн Максвел за сексуална трговија и тврдеше дека парот ја запознал со принцот Ендру во 2001 година. Џуфри и Епстин се спогодија во 2009 година за 500.000 долари. Таа поднела тужба и против принцот Ендру во Њујорк во 2021 година, за која се спогодиле во февруари 2022 година за неоткриена сума.
И покрај фактот што во јавност се појавија фотографии од Џуфри, принцот Ендру и Максвел, во 2019 година, тој за Би-би-си изјави: „Не се сеќавам дека некогаш сум ја сретнал оваа дама“.


