Жена која продавала билети на железничка станица починала од коронавирус, откако маж ја плукнал во лице

Жена која продавала билети за лондонската подземна железница починала откако маж кој тврдел има Ковид-19, и плукнал во лице.

Бели Муџинга (47) уште од претходно патела од респираторни проблеми, а работела на станицата Викторија. Мажот и пристапил во март, кога таа била на смена со својата колешка, а наскоро двете почнале да чувствуваат симптоми на заразата.

#GRANDE_BRETAGNE | ELLE MEURT DU COVID-19 APRÈS QU'UN HOMME LUI A CRACHÉ DESSUS Dans un rapport d’Al Jazeera, une…

Publiée par Thiey_rewmi sur Mardi 12 mai 2020

Британските власти веднаш покренале истрага за да утврдат кој ги изложил на коронавирусот. Сопругот на Бели, Лусамба Года Каталај за Би-Би-Си раскажал како непознат маж и пристапил на пултот за продажба на карти и ги прашал вработените што прават тука. Кога му одговориле дека тука се вработени, тој почнал да плука по нив.

Синдикатите згрозени

Десеттина дена по инцидентот, Бели била примена во лондонската болница Барнет, а на 2 април била ставена на респиратор. Само три дена подоцна таа починала.

– Ја повикав преку видео апликација, но не се јавуваше. Мислев дека спие, а потоа лекарот ми рече дека умрела. Беше добра мајка, добра сопруга и неверојатна личност. Беше личност која се грижеше за сите, рекол Каталај.

Би-Би-Си наведува дека меѓу присутните на погребот била и 11-годишната ќерка на Бели.

Шефот на синдикатот на работници во јавниот превоз Мануел Кортес за новинарите рекол дека е шокиран од исходот на овој инцидент.

– Таа е една од повеќето работници на „првата линија“ кои го изгубија животот заради коронавирусот. Постојат сериозни прашања околу нејзината смрт. Таа спаѓаше во ризичната група, што работодавачот го знаеше. Зошто не била тргната од позицијата каде директно била изложена на ризиците, прашал Кортес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот