Жељко Самарџиќ првпат проговори за болеста: Се справувам со тоа како знам и умеам

жељко самарџиќ
Фото: Инстаграм

Од болести на тироидната жлезда почесто заболуваат жените, но ниту мажите не се поштедени од состојби како Хашимото синдром. Затоа се случува да страдаат од симптоми без да им биде поставена вистинската дијагноза.


Токму тоа му се случило на српскиот пејач Жељко Самарџиќ кој долго време не бил свесен дека има Хашимото синдром.

– Станува збор за автоимуна болест на тироидната жлезда која создава повремени проблеми – изјавил пејачот за „Објектив“. „Откако почнав со редовни терапии, сѐ беше во ред, секое утро пијам по една таблета и тоа е тоа.“

„Жените главно се разболуваат од таа болест, но еве, мене ми се случи и се справувам со тоа како што знам и умеам. Подоцна дознав дека многу од моите пријатели имаат Хашимото синдром, а јас сум го имал долго време без воопшто да знам“, открил пејачот.

Оваа состојба се јавува кога имунолошкиот систем ја напаѓа тироидната жлезда, мала жлезда во вратот, која се наоѓа под Адамовото јаболко. Таа произведува хормони важни за многу функции во телото. Лицето којашто страда од Хашимото синдром обично се здебелува, страда од тежок замор, доаѓа до промени на косата и кожата бидејќи стануваат екстремно суви. Пациентот има проблеми со концентрацијата, а најизразен симптом е депресијата.

За среќа, Хашимото лесно се лекува, но доколку пациентот не зема терапија, можни се разни срцеви заболувања, па дури и застој на срцето.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот