Ждрепка за ЦЕВ Лигата на шампионите: Струмица ќе игра против најтрофејниот клбу од Романија
Македонскиот одбојкарски шампион Струмица 47&72 го дозна својот прв европски предизвик во рамките на првата рунда од ЦЕВ Лигата на шампионите и ќе се соочи со најтрофејниот романски клуб, Динамо Букурешт. Ждрепката што денеска се одржа во Луксембург ги спои струмичани со еден од најнезгодните противници уште на стартот на елитната европска сцена.
Препорачано
Првиот натпревар Струмица ќе го одигра на домашен терен, во периодот од 21 до 23 октомври, додека реваншот е закажан за една недела подоцна во романската престолнина меѓу 28 и 30 октомври.
Победникот од овој двомеч ќе обезбеди место во втората рунда од Лигата на шампионите, каде што ќе продолжат сите победници од оваа стартна фаза. Но и за поразениот тим европската авантура не завршува тука, тие ќе продолжат во ЦЕВ купот, каде што веќе ги чека чешкиот тим Јухострој Чешке Будејовице.
Овие натпревари ќе се одиграат во периодот од 11 до 13 ноември (домашен натпревар) и 18 до 20 ноември (реванш во Чешка).
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
24мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


