Фото: Атлетска Федерација на Македонија

Жан Тосев со трето најбрзо маратонско време во историјата на Македонија

На маратонот во Ротердам еден од најбрзите и најпрестижни маратони во Европа, македонскиот атлетичар Жан Тосев од АК Струмица оствари врвен резултат.

Нашиот натпреварувач на маратонот во холандскиот град успеа да ја помине маратонската дистанца со време од 2:26:47.

Тасев на маратонот го освои 72. место. Конечниот пласман на најдобрите маратонци можете да го погледнете на следниот линк ТУКА

Со овој извонреден настап, Тосев го оствари третото најбрзо време на маратон во историјата на Македонија.

Така, македонскиот атлетичар го потврдува својот квалитет и континуираниот напредок на долгите патеки.

Фото: Атлетска Федерација на Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот