Зендеја сака да сними филм за романса помеѓу две црни жени

Зендеја/EPA-EFE_VICKIE FLORES
Зендеја/EPA-EFE_VICKIE FLORES

Според Зендеја, филмот би бил вкоренет експлицитно во љубовната приказна, избирајќи да се оддалечи од трауматичните елементи што често се прикажуваат во филмовите со ЛГБТК теми. Приказната би била за „нешто едноставно и убаво, што ќе ве направи среќни и ќе посакате да се вљубите во себеси“.

Зендеја е можеби едно од најзвучните имиња во забавната индустрија на новата генерација. Младата актерка започна да ја гради својата кариера од мали нозе појавувајќи се во „Shake It Up“ на „Disney Channel“. Во 2019, Зандаја се појави во серијата „ОА“ на Нетфликс, а нејзината кариера започна да бележи вистински успеси откако ѝ беа доделени улогите во „Spider-Man: Homecoming“, „The Greatest Showman“ и хит серијата „Euphoria“ на HBO, за чија улога беше наградена со награда Еми.

Зендеја/Twitter
Зендеја/Twitter

Покрај нејзиниот придонес во поп-културата, Зендаја е исто така активист за социјални прашања како што се правата на жените и расната еднаквост, а желбата ѝ е нејзиното режисерско деби да е филм кој ќе се фокусира на романсата помеќу две црни жени.

Според Зендеја, филмот би бил вкоренет експлицитно во љубовната приказна, избирајќи да се оддалечи од трауматичните елементи што често се прикажуваат во филмовите со ЛГБТК теми. Приказната би била за „нешто едноставно и убаво, што ќе ве направи среќни и ќе посакате да се вљубите во себеси“.

Оваа година, Зендеја блесна во два големи филмски проекти, филмот „Dune“ на Денис Вилнев и Марвеловиот „Spider-Man: No Way Home“, а неодамна, во интервју за „Interview Magazine“, актерката ги сподели и своите режисерски амбиции за во иднина, додавајќи дека за време на снимање, таа се обидува да научи од „вистинските ветерани во играта“.

– Немам конкретен план. Никогаш не сум помислила: „Ова треба да го направам до овој момент, а тоа морам да го завршам до оној момент“. Сакам само да ги правам нештата онака како што ме прават среќна, онака како што ми носат задоволство и ме исполнуваат како уметник и личност. – вели Зендеја, и додава: – Идејата да се обидам да режирам во иднина ме возбудува. Затоа поминувам толку многу време на сет. Кога не сум во кадар, стојам зад камерата и се обидувам да учам. Одам наоколу и ги прашувам членовите на екипата „Што правите денес? Можеш ли да ми објасниш?“. Имаме вистински ветерани во играта. Така што, се надевам дека еден ден ќе можам да ги снимам работите што сакам да ги видам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот