Земјотресот во Токио предизвика паника во Олимпиското село

EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Земјотрес со јачина од шест степени по Рихтеровата скала го погоди Токио, а силниот потрес ги исплаши и спортистите кои се сместени во Олимпиското село.

Според првичните информации нема опасност од цунами. Епицентарот на земјотресот бил северно од Токио и тресењето траело околу 20 секунди. Земјотресот кој предизвика паника кај спортистите и сите присутни во Олимпиското село се случи во 5.33 часот по локално време.
„Почувствував земјотрес тука во Токио. Интересно, екипата која беше три спрата под мене не почувствува ништо. Јапонската метеоролошка агенција процени дека магнитудата изнесува шест степени според Рихтеровата скала“, напиша новинарот на Ен-Би-Си, Лестер Холт.

Објектите во Олимпиското село се изградени да бидат отпорни на земјотреси, а потресот се почувствувал само на повисоките спратови.
– Добредојдовте во Олимпиското село каде во моментов има земјотрес. Кровот над нас се мрда и може да приметите дека нашите светла и камери исто така ме помрднуваат. Тоа беше необичен момент, никогаш порано не сум почувствувал земјотрес – беше реакцијата на австралискиот новинар Марк Берета кого земјотресот го изненади за време на неговото вклучување во живо.

ВИДЕО: Земјотрес во Токио, спортистите панично бегаа од Олимпското село

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот