Земјоделци се степале со стапови во селото Облешево

тепачка
Илустрација: Тепачка / Фото: МИА

Полицијата ги идентификуваше учесниците во тепачката со стапови во селото Облешево, која синоќа беше објавена на социјалните мрежи. Станува збор за жители на струмичкото село Баница, кои продавале земјоделски производи.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во пишано соопштение информира дека настанот е пријавен вчера во 12:15 часот во полициската станица Кочани.

„На автобуското стојалиште во село Облешево, поради меѓусебни недоразбирања околу паркирање на возила, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи на лица, сите од струмичкото село Баница при што биле употребени и дрвени предмети“, се вели со соопштението.

За сите учесници во тепачката се изготвени записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот