Зеленски за хеликоптерската несреќа кај Киев: Страшна трагедија, тие беа вистински патриоти

Володомир Зеленски/ Фото: American Photo Archive / Alamy / Alamy / Profimedia

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја опиша утринава хеликоптерската несреќа во Бровари, во која загина целото раководство на украинското Министерство за внатрешни работи, предводено од министерот Денис Монастирски, како „страшна трагедија“ и „темно утро“.

Во објава на својот канал Телеграм, Зеленски напиша: „Денеска се случи страшна трагедија во Бровари, Киевската област. Се урна хеликоптер за државна итна помош, а на местото на несреќата избувна пожар.

Сѐ уште се утврдува точниот број на жртвите од оваа трагедија. Меѓу жртвите се министерот за внатрешни работи Денис Монастирски, неговиот прв заменик Јевхен Џенин, државниот секретар Јури Лубковчи, нивните помошници и екипажот на хеликоптерот. Повредени се 25 лица, меѓу кои и три деца. Според достапните податоци, три деца починале. „Болката е неопислива. Хеликоптерот падна недалеку од градинката“, објави Зеленски.

„Им наредив на безбедносните служби на Украина да ги истражат околностите за тоа што се случи во соработка со полицијата и другите надлежни органи. Сите служби се на местото на трагедијата и си ја вршат својата работа“, напиша украинскиот претседател.

„Изразувам сочувство до семејствата и пријателите на жртвите. Денис, Евхен, Јури, тимот на Министерството за внатрешни работи… вистински украински патриоти. Почивајте во мир. Нека сите оние чии животи беа згаснати во ова темно утро почиваат во мир“, објави Зеленски.

ВИДЕО: Во хеликоптерска несреќа загина украинскиот министер за внатрешни работи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот