ВИДЕО: Во хеликоптерска несреќа загина украинскиот министер за внатрешни работи

Хеликоптерска несреќа во Киев/ Фото Sergei Supinsky / AFP / Profimedia / Колаж: СП.

Најмалку 16 лица загинаа при уривање на хеликоптер во градот Бровари во киевската област, меѓу кои и украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски, пренесуваат светските медиуми.

– Утрово, на 18 јануари, во Бровари се урна хеликоптер на Државната служба за вонредни состојби. Како последица на хеликоптерската несреќа загина раководството на МВР: министерот, првиот заменик министер и државниот секретар. Се знае дека вкупно загинале 16 лица, меѓу кои и две деца. Од нив, девет биле во хеликоптерот, информира шефот на Националата полиција на Украина Игор Клименко.

Тој додаде дека 22 повредени се во болница, од кои 10 се деца.

Денис Монастирски
/Фото Sergei SUPINSKY / AFP / Profimedia

Сите специјализирани единици работат на лице место. Увидот на местото на настанот е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот