Зеленски верува дека нема да има голема војна против Украина

Володомир Зеленски/ Фото EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот претседател Володимир Зеленски не гледа зголемен ризик од војна и покрај тоа што Русија ги призна самопрогласените републики на исток.

-Веруваме дека нема да има голема војна против Украина, рече украинскиот лидер во Киев по средбата со естонскиот колега Алар Карис.

Тој додаде дека во случај на дополнителна ескалација ќе биде воведена вонредна состојба во земјата.

Зеленски ги отфрли барањата на претставниците на сепаратистите за повлекување на силите од деловите на Доњецк и Луганск, што се под контрола на Киев.

-Не разговараме со нив. Не знаеме кои се тие, рече украинскиот лидер.

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа ја призна независноста на двата сепаратистички региона прогласувајќи ги за независни држави и веднаш потоа нареди во нив да заминат руски војници, за чување на мирот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот