Зеленски: Ситуацијата на фронтот е најдобра во последните 10 месеци
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека ситуацијата на фронтот во војната со Русија е моментално најдобра во последните 10 месеци, повикувајќи се на проценка на британската разузнавачка служба МИ6.
Препорачано
Зеленски рече дека, и покрај тековните борби, украинските сили во моментов се во „мал плус“, ослободувајќи околу 20 квадратни километри територија повеќе отколку што напредувале руските сили, објави УНИАН.
„Фронтот се држи. Ситуацијата е тешка, но најдобра во последните 10 месеци“, изјави тој, заблагодарувајќи им се на украинските единици за, како што рече, постигнатите резултати.
Зборувајќи за предлогот за велигденско примирје, Зеленски рече дека Русија сè уште не покажала никаква подготвеност да прифати таква иницијатива.
„Го пренесовме нашето барање до американската страна. Не знам дали ќе имаат можност да ја пренесат својата порака до Русите. Ќе видиме. Нашиот предлог за прекин на огнот за Велигден останува“, додаде Зеленски.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
7час
-
7час
-
8час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


