Фото: EFE/EPA/SHAWN THEW

Зеленски: САД побара помош од Украина против дроновите на Блискиот Исток

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, посочи дека Соединетите Американски Држави побарале помош од Украина во борбата против дроновите со кои Иран возвраќа на американскиот и израелскиот напад врз оваа земја.

Во објава на социјалната мрежа „Икс“, Зеленски појасни дека станува збор за барање за поддршка во одбраната од иранските беспилотни летала од типот „Шахед“.

„Добивме барање од Соединетите Американски Држави за конкретна помош во одбраната од ‘Шахед’ на Блискиот Исток. Наредив да се обезбедат потребните средства и да се ангажираат украински експерти кои можат да ја гарантираат потребната безбедност“, напиша Зеленски.

Тој во своето редовно видеообраќање потоа рече дека „наш приоритет е да направиме сѐ за да ја завршиме војната (со Русија)“.

Според Зеленски, ќе го продолжат дипломатскиот процес кога американските партнери ќе бидат подготвени да работат како што се договориле – билатерални формати со нив, трилатерални формати со Русија, како и работа со Европјаните.

„Во моментов, практично целото внимание на светот е фокусирано на ситуацијата околу Иран и без разлика колку долго ќе траат непријателствата таму, мораме да бидеме подготвени да ја продолжиме дипломатијата во секој момент. Токму така работи украинскиот тим“, рече тој во видеообраќањето.

Исто така, рече дека 200 Украинци се вратиле дома од руско заложништво. Се надева дека „размените ќе продолжат и во наредните денови“.

„Како и да е, Русија останува активна на линијата на фронтот и нападите продолжуваат“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот