Зелениот зеленчук може да ја ублажи иритацијата на кожата

зеленчук исхрана
фото: pexels

Експертите веруваат дека консумирањето зелен зеленчук може да го намали воспалението и црвенилото на кожата.

Имено, со конзумирање на големи количини зелен зеленчук можете да ги намалите воспалението и црвенилото. Д-р Муниб Шах во една прилика за „Инсајдер“ изјави дека исхраната богата со зеленчук може да даде подобри резултати.

Препорачувам луѓето да го зголемат внесот на зелен зеленчук како брокула и спанаќ за подобар изглед на кожата“, рече тој.

брокула

Ако јадете вистинската количина зелен зеленчук, можете да бидете сигурни дека ќе го добиете целиот потребен хлорофил. Шах објаснува дека зеленчукот е важен бидејќи растителната супстанција е антиоксиданс што може да ги намали воспаленијата и црвенилото.

Антиоксидансите можат да ѝ помогнат на кожата побрзо да се регенерира, што може да го намали црвенилото или отокот на лицето, но и да ги ублажи лузните од акните.

Поради своите лековити својства, зеленчукот вклучен во добро избалансирана исхрана може да ги обели лузните од акните благодарение на хлорофилот“, вели д-р Шах.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот