„Зелениот остров“ од соништата – Веднаш ќе посакате да сте таму! (ФОТО)

Крф е остров кој традиционално го посетуваат сите генерации.

Тој е втор по големина од седумте острови, кои се наоѓаат во Јонското море. Eден од најубавите острови не само во Грција, туку и во светот.

Постојат неколку начини да се стигне до Крф. Бидејќи е далеку доколку некој од туристите се плаши од летање, може да пристигне со автобус.

Овој остров има издолжена форма, а неговата позиција ги диктира климата и вегетацијата. Тоа е еден од најсеверните острови во Грција. Се карактеризира со постудени лета и обилни врнежи од дожд. Природата е исклучително бујна, па токму поради вегетацијата се нарекува „Зелен остров“.

Туризмот на Крф има долга традиција и голема понуда за сместување, од евтини станови до големи и скапи одморалишта и хотели.

Цените во Крф се повисоки отколку кај нас, но тие не се повисоки од останатите места во Грција.

Храната е поинаква во споредба со другите делови на Грција, имајќи ја во предвид историјата на островот. Силното венецијанско влијание може да се види и во архитектурата.

Неизбежно е гирото, а најинтересно е што можете да пробате вкусна грчка верзија на италијански деликатеси.

Можеби не е најпопуларна дестинација во Грција, ниту најпристапна – но, тоа што го издвојува од останатите е тишината и мирот, како најголем адут што може да им го понуди на туристите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот