„Зелен хуман град“ ќе накити елка со желбите на скопјани

ивет лампиони
Фото: Приватна архива

– Сакам двојно повеќе зеленило, двојно помалку бетон!
– Скопје да има развиен јавен превоз со нови линии!
– Да се направи место каде што ќе можат да се дружат средношколци. Во моментов нема ниедно!
– Да се ослободат сите заробени многугодишни дрвја по скопските улици кои полека умираат. Да се засадат дрвја онаму каде има празно место.
– Сакам Град Скопје да им помогне на бездомниците!
– Повеќе велосипедски патеки, повеќе пешачки зони!
– Да се направи пешачка зона во центарот на градот, односно, забрана на возење на автомобили, а во централното градско подрачје да возат само туристички автобуси, редуциран број на автобуси да минуваат низ Центар ( Рекорд), автомобили на Брза помош и ПП возила. Нека е пешачка зона! Како Виена на пример.
– Сакам во 2023 во Град Скопје да има локални избори за да избереме нов градоначалник.
– Во 2023 година во Град Скопје да донесат иницијатива за градење на вистински тоалет, а не ТоиТои кабини.
– Инспектори кои се достапни 24/7 и не се плашат да дојдат по пријава од нас.

Ова се само дел од 50-те новогодишни желби на скопјани, кои ги собра граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ и кои неделава треба да им ги однесат на градоначалничката Данела Арсовска, советниците и институциите, за, како што велат од ЗХГ, гласовите на граѓаните да се слушнат во Градот.

Од граѓанската иницијатива најавуваат и дека ќе купат вистинска елка, која ќе ја засадат во Градски парк пред Град Скопје и ќе ја накитат со желбите, а потоа, ќе ги поканат сите советници и вработени да ги прочитаат желбите, за да видат што посакуваат граѓаните.

Желбите на граѓаните можат да се прочитаат на следниот линк:  https://mojgrad.mk/elka/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот