Фото: Принтскрин/Инстаграм/Здравко Чолиќ

Здравко Чолиќ денеска ќе добие дипломатски пасош на Босна и Херцеговина

Легендарниот пејач Здравко Чолиќ денеска ќе добие дипломатски пасош на Босна и Херцеговина, дознава „Кликс.ба“. Откако одржа дури пет спектакуларни концерти во родното Сараево, Чолиќ ја претвори салата „Зетра“ во место исполнето со емоции, носталгија и заедништво. Секоја вечер имаше посебна приказна, но чувството што ги поврзуваше публиката и изведувачите остана исто, искрено, силно и речиси опипливо.

По овој повод, Чолиќ денеска ќе престојува во Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина, каде што министерот Елмедин Конаковиќ свечено ќе му врачи дипломатски пасош.

Да потсетиме, прексиноќа Здравко Чолиќ го одржа последниот од петте закажани концерти во сараевската „Зетра“, а во придружба на симфонискиот оркестар, ѝ подари на публиката уште една магична ноќ за Денот на градот.

Како и на претходните настапи, Чолиќ пеел во придружба на „Биг бенд“ од Нови Сад, оркестар составен од дури 60 музичари под диригентската палка на Федор Вртачник.

Меѓу некои од истакнатите кои претходно добија дипломатски пасоши на Босна и Херцеговина се претставници од различни области.

ФОТО | Сопругата на Тарик Филиповиќ во прегратка на Здравко Чолиќ: Галантниот Чола ја бакнува во образ

ФОТО | Концерт што долго ќе се памети: Здравко Чолиќ ѝ подари тричасовна магија на публиката во Скопје

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот