10 C
Скопје

Здрави и убави – Четири состојки што го отстрануваат целулитот

Ваш најдобар сојузник во обидот да се ослободите од непосакуваниот надворешен изглед на кожата е да јадете исклучиво внимателно избрани намирници

Под целулит се подразбираат промените на сврзното и поткожното масно ткиво. Видлив е со голо око или со стискање на дел од кожата. Целулитот е составен од масти, токсини и вода. Целулитните промени на кожата се манифестираат како дифузни перничиња или ограничени јазли, кои настанале поради вишок на масти, ослабено сврзно ткиво, нарушување во циркулацијата и размената на материите, пред сѐ од задржување вода во ткивата.

Во суштина, целулитот нема никаква поврзаност со моменталната телесна тежина кај човекот. За жал, целулитот може да се појави дури и кај екстремно слаб човек.

Прочитајте и...  Калифорниската сорта е позаразна и поотпорна на вакцини

Главниот виновник за неговото појавување се хормоните, особено естрогенот, потоа огромна улога има и наследниот фактор, но и лошата исхрана и намалената физичка активност.

Меѓутоа, добрата вест се состои во фактот што, иако постојат намирници што ја поттикнуваат можноста за појава на целулит, исто така природата ни дала и плодови што можат да ја спречат појавата на целулит, а ако се појавил, да помогнат во негово отстранување.

Брокула

Фото: Профимедиа

Брокулата во својот состав содржи „коктел од витамини  и минерали“ кои се корисни за убавината и имаат релативно мал број калории. Но најважно од сѐ е тоа што оваа има моќи врз организмот какви што другите плодови немаат. Но, брокулата содржи и алфа-липоинска киселина, природна супстанција што спречува стврднување на колагенот, што предизвикува целулит. За да ја добиете потребната количина, во вашето мени вметнете 3 до 4 порции брокула неделно.

Прочитајте и...  ФОТО: Роби Вилијамс го продава замокот и купува нова вила бидејќи неговата ќерка се плаши да спие во нејзината соба

Портокал

Фото: Профимедиа

Портокалот е исклучително корисен за телото. Тој е преполн со витамин Ц и биофлавоноиди, кои ја подобруваат циркулацијата на крвта и ја исправаат рамнотежата на клетките што може да доведе до целулит.

Лосос

Фото: Профимедиа

Лососот се смета за идеална храна за диета, детоксикација и борба против воспаленијата во организмот и е богат со антиоксиданси што ги разградуваат. Сето ова го намалува количеството отрови наталожени во телото со текот на годините и значително ја подобрува циркулацијата на крвта во крвните садови.

Маслиново масло

Фото: Профимедиа

Маслиновото масло придонесува за правилно функционирање на штитната жлезда, која помага во правилната работа на метаболизмот. Кога метаболизмот работи како што треба, се согоруваат маснотиите и се активираат клетките што ги регенерираат оштетувањата на кожата. Кожата и сврзното ткиво под неа стануваат поцврсти и со тоа се намалува целулитот.

Прочитајте и...  Откриени се причините кои одредуваат што влијае на добивањето потешка форма на ковид - 19

Поврзани вести

Калифорниската сорта е позаразна и поотпорна на вакцини

Слободен печат

ВИДЕО | Дигидог, робот куче: Необична и малку застрашувачка помош на полицијата на Њујорк

Слободен печат

Маја Кикириткова со искрена и потресна исповед: Ова е моето тело после два тешки царски реза

Ирена Трајкова

Елдина им рече „не“ на бричевите, на епилаторите, на восокот и на пинцетите и реши веќе да не ги отстранува влакната од своето тело

Слободен печат

Карди Би проговори за сите естетски операции: Мислев дека сум грда

Слободен Печат

Тапанарот Драгољуб Ѓуришиќ кој свиреше во „Леб и сол“ заврши во болница поради коронавирус

Слободен Печат

Остави Коментар