Заврши регуларниот дел од сезоната во НБА: Познати паровите за плеј-офот и плеј-ин турнирот
Изминатата вечер беше комплетирано 82. коло во НБА лигата, по што се познати сите парови за плејофот и плеј-ин турнирот.
Препорачано
Вкупно 20 екипи остануваат во трка за шампионската титула, 12 од нив обезбедија директен пласман во плејофот, додека осум ќе мора да го започнат патот преку плеј-ин турнирот.
Источна конференција
Прво коло:
(1) Детроит Пистонс – (8) победник од плеј-ин
(2) Бостон Селтикс – (7) победник од плеј-ин
(3) Њујорк Никс – (6) Атланта Хокс
(4) Кливленд Кавалирс – (5) Торонто Репторс
Плеј-ин турнир:
Натпревар за 7. позиција:
(7) Филаделфија 76ерс – (8) Орландо Меџик
Елиминациски натпревар:
(9) Шарлот Хорнетс – (10) Мајами Хит
Победникот од дуелот меѓу Филаделфија и Орландо ќе го обезбеди седмото место и ќе игра против Бостон во првата рунда. Поразениот ќе се соочи со победникот од мечот Хорнетс – Хит за последното, осмо место, кое носи пресметка со Детроит.
Западна конференција
Прво коло:
(1) Оклахома Сити Тандер – (8) победник од плеј-ин
(2) Сан Антонио Спарс – (7) победник од плеј-ин
(3) Денвер Нагетс – (6) Минесота Тимбервулвс
(4) Лос Анџелес Лејкерс – (5) Хјустон Рокетс
Плеј-ин турнир:
Натпревар за 7. позиција:
(7) Феникс Санс – (8) Портланд Трејл Блејзерс
Елиминациски натпревар:
(9) ЛА Клиперс – (10) Голден Стејт Вориорс
Победникот од дуелот Санс – Блејзерс ќе го освои седмото место и ќе игра против Сан Антонио во првото коло. Поразениот ќе добие уште една шанса против победникот од Клиперс – Вориорс за осмата позиција и дуел со Оклахома.
Плеј-ин турнирот стартува на 14 април, додека плејофот започнува на 18 април. Финалната серија е закажана за 3 јуни.


