Заврши операцијата на Бојан Јовановски, остана со 10 проценти од желудникот

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Доктор Јованов, дигестивен хирург од градската болница за „Слободен печат“ потврдува дека е завршена операцијата која денеска беше извршена врз Бојан Јовановски.

– Направивме субтотална ресекција на желудникот. Отстранети се ткива со предканцерогени состојби. Беше долга и тешка операција после која пациентот е во животозагрозувачка состојба бидјеќи не знаеме како ќе се одвива постоперативниот тек. Јовановски не е свесен и не е на машина. Речиси целиот желудник е отстранет, можеби се останати 10 проценти, најмногу 15 проценти од желудникот, рече за „Слободен печат“ доктор Јованов еден од хирурзите кои ја изведоа интервенцијата.

Тој додаде дека пациентите со вакви операции мора да имаат строг начин на исхрана, да јадат по 10 пати на ден по многу мали количества миксирана храна и да се на постојана терапија.

ПОВЕЌЕ НА ОВАА ТЕМА:

Алармантно влошенo здравјето на Боки 13, правниот тим вели дека е предмет на нечовечно однесување

Мајката на Боки 13 со потресно писмо: Бојан утре оди на операција на желудникот, а за изживувањето, малтретирањето и тортурата кон него одговорност мора да има!

Боки 13 обвинува: Одземеното ќе го вештачат по четири години, брендираната гардероба ми е заменета со фалш

Боки 13 почнува операција „Бумеранг“: Над еден милион „бомби“ ќе добие Обвинителството

Боки 13 повторно и пиша на Агелер: Се надевам ќе ја увидите туртурата што се спроведува врз мене од цел еден организиран систем

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот