Боки 13 почнува операција „Бумеранг“: Над еден милион „бомби“ ќе добие Обвинителството

Бојан Јовановски - Боки 13 / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

По добиените информации од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција дека шефот на обвинителството, јавниот обвинител Ислам Абази, постапувајќи по барањето на Бојан Јовановски со прекар Боки 13 веќе оформил предмет и го распределил кај надлежен јавен обвинител на постапување, Ве информираме дека со ова започнува кривично-правна операција со кодно име „Бумеранг“, се вели во соопштението на правниот тим на Бијан Јовановски.

„Ја поздравуваме итноста и ажурноста при постапувањето од страна на јавниот обвинител Ислам Абази и очекуваме пред се темелна, ефикасна и непристрасна разрешница од страна на надлежниот обвинител кој ќе постапува по предметот. Поради високиот степен на карактерот и сериозноста на процесот „Бумеранг” бараме и очекуваме посветеност, неселективност и максимална професионалност од страна на надлежниот обвинител.Напоменуваме дека поради обемноста на материјалот и доказите во бројка од 1.150.000 (еден милион и сто и педесет) фајлови со податоци во кои се содржани аудио снимени разговори, транскрипти, пораки, остварени телефонски комуникации, видео и фотографски записи, т.н. “бомби” , заради целисходност при постапување по предметот ќе биде потребно формирање на посебен тим за работа и процесуирање на кривичните пријави во согласност со реалните потреби за ефикасно и правилнло постапување по предметот, за кое нешто ќе истакнеме посебно барање до јавниот обвинител“ се вели во писмото.

Јовановски вели дека ќе ги поднесе пријавите и ќе ги предаде овие докази на записник само со утврдени законски гаранции дека ќе се заштити неговиот физички и психички интегритет. Тоа, нагласуваат од неговиот тим, ќе го направи исклучило во присуство на неговите двајца адвокати, Владимир Туфегџиќ и Сашко Дукоски, и единствено во сигурносно обезбедени простории во ОЈО ГОКК, со визуелно-тонски запис од чинот на сослушување и предавање на доказите.

Абази ги пренасочи „бомбите“ на Боки 13 кај друг обвинител

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот