Бојан Јовановски во операциона сала за отстранување на желудникот, судот го одби барањето за времено прекинување на затворската казна

На Бојан Јовановски утринава во градската болница во Скопје му се врши хируршка интервенција за отстранување на желудникот, потврди за „Слободен печат“ адвокатот на Јовановски, Владимир Туфегџиќ.
-Јовановски го примија да се оперира утринава. Тим од четворица лекари ќе ја изведе операцијата која што е со висок ризик, како што впрочем и укажаа лекарите специјалисти од областа во повеќе наврати во специјалистичките извештаи кои беа доставени до судот и до управата за извршување санкции. Сето ова можеше да се одбегне согласно препораките на лекарите специјалисти доколку на пациентотт му беше овозможено да се спроведе задолжителниот и строг здравствен режим кој беше невозможен во пенални услови и од тие причини лекарите препорачуваа дека единствено со времен прекин на казната и во домашни услови здравствената состојба на пациентот може да се санира и да се одбегне оперативниот зафат кој денеска се случува, вели адвокатот Туфегџиќ.
Тој за „Слободен печат“ додаде дека судот го одбил барањето за времен прекин на издржувањето на казната на почетокот на март.
ПОВЕЌЕ НА ОВАА ТЕМА:
Алармантно влошенo здравјето на Боки 13, правниот тим вели дека е предмет на нечовечно однесување
Боки 13 обвинува: Одземеното ќе го вештачат по четири години, брендираната гардероба ми е заменета со фалш
Боки 13 почнува операција „Бумеранг“: Над еден милион „бомби“ ќе добие Обвинителството