Започна рочиштето против Мадуро
Во федералниот суд Даниел Патрик Мојнихан во Менхетен започна сослушувањето за претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и неговата сопруга Силија Флорес, кои се товарат за серија обвиненија поврзани со наркотероризам, пренесува Ројтерс.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тие се обвинети за: заговор за наркотероризам, заговор за увоз на кокаин, поседување митралези и деструктивни направи, здружување со цел поседување митралези и уништувачки направи.
ВИДЕО | Tранспортот на Мадуро од затворот до судот
Судијата Алвин Хелерштајн ги поздрави присутните и ја потенцираше својата улога во процесот: „Мојата работа е да обезбедам фер судење“. Судењето се одржува пред федералниот суд во Менхетен и е првото појавување на Мадуро и Флорес пред американската правосудна власт.
Два дена по воената операција за негово апсење, венецуелскиот претседател Николас Мадуро е во затворот во Бруклин.
Мадуро и неговата сопруга Селија Флорес се соочуваат со обвиненија за трговија со дрога во Соединетите Американски Држави. По американската воена операција во Каракас што доведе до нивно апсење, тие беа префрлени на брод на американската морнарица и пристигнаа во Метрополитен притворен центар во Бруклин, Њујорк, во саботата навечер.


