Започна уривањето на првата дивоградба во Охрид (ФОТО)

Во Охрид се урива првата дивоградба за која општината претходно издаде решение. На улицата „Марко Несторовски“, се урива куќа која е во тек на изградба и покрај тоа што нема решение за градба.

На истата локација минатата недела беа уапсени неколку работници кои мешале малтер, бидејќи граделе и покрај забраната.

Куќата е обиколена со полиција, а нема трага од сопственикот. Неофицијално, според извори на „Скопје 1“, изведувач на градбата била фирмата „Нефи ИК“ чиј сопственик е Нефи Усеини.

Фото: Скопје1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот