Костадин Костадинов / Фото: Фејсбук

Замрзнатиот Костадинов го одмрзнува членството во СДСМ

Ексградоначалник на Струмица и поранешен пратеник од редовите на Социјалдемократсиот сојуз на Македонија, Костадин Костадинов објави дека го одмрзнува членството во СДСМ.

Тој вели дека одлуката ја донел по доволно поминато време и дека стои зад неговите ставови и позиции за бројни прашања.

„Сакам јасно да нагласам дека останувам зад сите мои претходни ставови и позиции по однос на бројни прашања од јавен интерес и дека овој чекор не значи нивно менување или повлекување. Во овој момент не најавувам никаква форма на активен ангажман, туку стојам на располагање, со почит кон партијата, нејзините вредности и секој член поединечно“ напиша Костадинов на Фејсбук.

Единството бара подавање рака, држење до принципи и искрени разговори во имe на секој еден социјалдемократ, порача Костадинов.

Костадинов, кој влезе во отворен судир со матичната партија, ја коментираше колективната оставка на раководството оценувајќи ја како „движење напред“. Тогаш рече дека дел од одлуките на СДСМ биле „исклучително нетактични“, но нагласи дека ваквиот чекор претставува позитивен сигнал за можни промени во партијата.

Цело раководство на СДСМ даде оставка, освен Филипче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот