Костадин Костадинов / Фото: Фејсбук

„Замрзнатиот“ Костадинов ја коментира одлуката за промена на раководството на СДСМ

Довчерашниот градоначалник на Струмица и поранешен пратеник од редовите на Социјалдемократсиот сојуз на Македонија (СДСМ), Костадин Костадинов, преку објава на социјалните мрежи ја коментираше одлуката на сите членови на Извршниот одбор на партијата и на комплетното раководство (освен лидерот Венко Филипче) да поднесат оставки

Костадинов, кој влезе во отворен судир со матичната партија и во која членството му е замрзнато, колективната оставка на раководството ја оцени како „движење напред“.

Филипче најави голема чистка на „Бихаќка“ – вечерва бара да си оди цел Извршен одбор на СДСМ

Според него, дел од одлуките на СДСМ биле „исклучително нетактични“, но нагласува дека ваквиот чекор претставува позитивен сигнал за можни промени во партијата.

„Како замрзнат член, сметам дека иако дел од претходните одлуки на раководството на мојата СДСМ беа исклучително нетактични, денешниот чекор е движење напред. Ова е одлука што треба да се поздрави, затоа што отвора простор за вистинска промена“, напиша Костадинов.

Цело раководство на СДСМ даде оставка, освен Филипче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот