Цело раководство на СДСМ даде оставка, освен Филипче
На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на предлог на претседателот на партијата Венко Филипче, заменик-претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските секретари, како и сите членови на Извршниот одбор, поднесоа оставки, соопшти партијата.
Препорачано
Филипче претходно најави дека ова ќе се случи откако партиски анализи покажале дека би била добра идеја, по катастрофалниот пораз на партијата на локалните избори – најголемиот во нејзината историја.
Оставките се поднесени до Централниот одбор на партијата и до претседателот Филипче, кој го води процесот на внатрешни реформи во СДСМ.
„Со овој одговорен и морален чекор раководството на СДСМ отвори простор за ново поглавје. Следува период на кадровско освежување и зајакнување, вклучување и на нови лица, организациска поставеност, внатрешна мобилизација, за нова сила и нова енергија на СДСМ. На една од наредните седници на Централниот одбор, претседателот Филипче ќе предложи избор за членови за органите на партијата а за функциите ќе се бираат најкомпетентни личности“, пишува во партиското соопштение.
Филипче најави голема чистка на „Бихаќка“ – вечерва бара да си оди цел Извршен одбор на СДСМ


