Зајков: Летонија е добар противник, на секој меч одиме со иста цел, да победиме

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонската фудбалска А репрезентација ќе ги игра последните два натпревари од Лигата на нации на 14 ноември против Летонија и против Фарски Острови на 17 ноември.

Нашата селекција моментно во својата група од Ц сегментот има 10 бодови на првото место, шест повеќе од Ерменија и Летонија. Само теорија може да нѐ остави без првото место во групата.

Меѓу повиканите за претстојните дуели е и играчот на романската екипа Крајова, Ѓоко Зајков кој ги сподели своите очекувања:

– Сите се чувствуваме добро, исто така владее некоја еуфорија и кај нас. Добро е што ќе ги играме последните два натпревари на домашен терен, пред нашата публика. Ќе се потрудиме на двата натпревари да победиме. Тие шест бодови би ни значеле многу за понатаму. Победивме во Рига, но резултатот не беше слика на тој меч. Летонија е добар противник, на овој натпревар мора повеќе да бидеме фокусирани во одбрана, на тие транзиции, и да дадеме едноставно максимум и во одбранбениот и напаѓачкиот дел и да потврдиме дека сме биле подобар противник во првиот меч. Нема некоја разлика на сите натпревари, ние исто се подготвуваме, дали против Италија или со Летонија, секој натпревар се подготвува исто. Значи, се прават анализи, тренираме максимално, тактички, и на секој меч одиме со иста цел, да победиме – вели Зајков.

Потсетување на првиот меѓусебен дуел одигран во Рига на 10 октомври, нашите најдобри фудбалери славеа убедливо со 3:0, со головите на Атанасов, Ќамили и Елмас.

Бојан Илиевски во националниот тим за дуелите со Летонија и Фарски Острови

Започнува продажбата на билетите за мечевите на Македонија против Летонија и Фарски Острови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот