Зајков ја напушти украинската Ворскла, кариерата ја продолжува во Романија

фото: vorskla.com.ua

Како што официјално објавија од украинската Ворскла, 27-годишниот македонски одбранбен играч ќе го напушти тимот од Полтава.

Сезонава во украинскиот шампионат нашиот репрезентативец Ѓоко Зајков запиша вкупно 14 настапи.

Поради руската агресија Зајков беше принуден да ја напушти Украина и немаше услови за фудбал. Во сезоната играше на позајмица во редовите на бугарскиот фудбалски клуб Славија Софија.

– Клучната одлука за продолжување на соработката со Ворскла беше желбата на семејството. Многу ми се допадна овој тим, но сега е ситуација кога треба да се разделуваш. Од денеска не сум играч на клубот Полтава. Сакам да изразам искрена благодарност до сите кои ми помогнаа во текот на времето што го поминав со овој прекрасен тим од вистински професионалци. Научив многу, и ова искуство ќе го земам со себе. Победа за Украина и мојата сакана „Ворскла“ – се зборовите на Зајков на клупскиот сајт на Ворскла Полтава.

Дефанзивецот веќе има нов клуб, во следните две и пол години ќе ги брани боите на романската екипа Универзитатеа Крајова. Во својата професионална клупска кариера беше дел и од Работнички, Рен (Франција) и Спортинг Шарлроа (Белгија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот