Зајакнете го имунитетот и подобрете ја циркулацијата со ликер од мед

мед

Ликерот од мед кај нас има многу долга историја. Ако до пред триесетина години бил многу актуелен и речиси и да немало семејство што во својот фрижидер не чува шише со ваков напиток, сепак во последно време изгубил на актуелност. Доколку луѓето би ја знаеле неговата исклучително лековита вредност, во тој случај не би поминувало ниту едно лето, а тие во домашни услови самите да не си подготват ваков ликер.

Историјата на овој пијалак датира уште од времето на Старите Словени и токму затоа важи за едно од најстарите пијалаци со најголема традиција на овие простори. Имено, за Старите Словени медот бил основна намирница што се употребувала како храна и како пијалак.

Лековити својства

Лековитите својства на ликерот од мед доаѓаат токму од присуството на мед и прополис во неговиот состав. Овој напиток ќе ви помогне да ги решите проблемите со циркулацијата, одличен е и во борбата против бактериите и вирусите, а значително го подобрува и варењето на храната и го нормализира апетитот кај децата и кај возрасните.

Покрај тоа важи и за идеален аперитив.

Одличен за прослави

Во споредба со останатите алкохолни пијалаци, дејството на ликерот од мед е зачудувачко. Тој ќе ви помогне да го подобрите расположението, но нема да ви ја одземе силата и концентрацијата како што е случај со другите алкохолни пијалаци. Потоа, по неговата претерана употреба нема да имате главоболка, уште помалку вртоглавица, а од неговото редовно консумирање единствено што ќе добиете е добро расположение, зајакнат имунитет и подобро здравје.

Направете го самите дома

Многумина не знаат дека ликерот од мед се прави многу лесно и тоа во домашни услови, а може да се пие и неколку години. Дури и е препорачливо да го направите дома, бидејќи исклучиво на тој начин ќе знаете дали медот, виното и ракијата што сте ги употребиле во подготовката се со висок квалитет.

Состојки:

500 гр мед
800 мл лозова ракија
100 мл зовриена и изладена вода
100 мл бело вино
1 лимон
прстофат коријандер

Подготовка:

Медот се става во подлабоко тенџере и ставете го на тивок оган да се загрее. Откако медот ќе стане течен, тргнете го од оган и истурете го во ракијата, водата и виното. Потоа сè убаво измешајте и додајте го сокот од лимонот и коријандерот. Сите состојки ставете ги повторно да се загреат и мешајте убаво додека не се соединат.

Вака подготвениот пијалак ставете го во шишиња. Што подолго стои напитокот, толку е подобар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот